Базен

 

 

Спортско рекреативниот центар „Маркови Кули„ ви нуди: Олимписки базен (50 м должина и 25 м ширина, десет стартни места) и два мали детски базени (среден и мал).

Базенот располага со тобоган и 12 метарска лизгалка.

Во склопот на базенот се наоѓаат два шанка, пинг-понг маси и спортски терени за кошарка, тенис и одбојка на плажа.

 

Безбедноста на базенот е на највисоко ниво. Базенот има спасувачка екипа високо стручно оспособена за оваа работа. Кога вие пливате над вас бдее будното око на спасувачката екипа.

 

Прилеп има базен чија што вода е со европски квалитет. Водата се прочистува на следните начини:

- Механички преку прочистителна станица со која за 8ч аса целокупната вода од 3000m3 ја преработува;

- Бактериски со редовно хлорирање;

- Хемиски со коагуланти и одржување на PH на водата.

Температурата на водата е константна и се движи од 22 до 240с, па и повеќе. Да не ве загрижува ако набавите сезонска карта, а нема многу сончеви денови. Надвор времето може да не е многу жешко, а додека внатре во базенот водата е постојано топла и пријатна за капење.

Ќе се трудиме Градскиот базен „Маркови Кули“ да го направиме уште попривлечен и подостапен за прилепчани.