Услови и критериуми
КРИТЕРИУМИ И УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОБЈЕКТ
Дел I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
Назив на договорен орган: ДООЕЛ „Маркови Кули“ – Прилеп
Адреса: Јоска Јорданоски бб
Град: 7500 Прилеп
Интернет адреса: www.markovikuli.com.mk
Лице за контакт: Снежана Најдоска и Благица Филипоска Адреса на е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Телефон: 048/430-965 Факс: 048/420-851
Дополнителни информации може да се добијат:
На горната адреса
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Предмет на договорот: Давање под наем на деловни објекти по спецификација бр. 1
Дали предметот на договорот е делив: Да
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
Критериуми за доделување на договор:
1.Највисока цена 40 бода
2.Рок на плаќање:
- Со склучување на договорот – Авансно 30 бода
- Во соработка со една од деловните банки од РМ 20 бода
3.Времетрaењето на закупот
-5 години 25 бода
-4 години 20 бода
-3 години 15 бода
-2 години 10 бода
-1 година 5 бода
4.Понуда на повеќе од еден објект 5 бода
-За авансно плаќање за закуп повеќе од една година се одобрува 10% рабат.
-За плаќање за закуп повеќе од една година, преку деловните банки се одобрува 12 % рабат
-За пократок рок на наем од пет години почетната цена се зголемува по 10% секоја година помалку односно:
-За четири години наем почетната цена е ---------------------------------10 % повеќе.
-За три години -------------------------------------------------------------------20% повеќе.
-За две години --------------------------------------------------------------------30% повеќе.
-За една година ------------------------------------------------------------------40% повеќе.
-Зголемувањето на почетната цена не важи за ставките 1 и 2 (од спецификација)
ДЕЛ IV: УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР
За Физички лица:
1. Копија од лична карта
2. Потврда или изјава за лични примања и евентуална задолженост
3. Потврда или изјава за кредитоспособност
За правни лица:
1. Документ за регистрирана дејност - ДРД образец
2. Тековна состојба
Изјавата од Дел IV за физички лица став 2 и 3 ја изготвува и потпишува самото лице и истите не мора да бидат заверени од надлежна институција.
Потврдите ДРД и тековна состојба ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистрирано правното лице. Во Р Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Р Македонија. Овие документи правното лице ги доставува како копија со потпис и печат дека копијата е веродостојна на оргиналот. Потврдите не треба да бидат постари од 6 месеци
ДЕЛ V: СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА
Пополнет образец на понуда од општ дел и листа на цени
Документите од ДЕЛ IV
Изјава дека се согласуваат со условите од огласот
ДЕЛ VI: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
Услови за доставување на понудите
Понудите да се достават најдоцна до: 10.05.2012 год.
Период на важност на понудата: 60 дена
Услови за отворање на понудите
Јавното наддавање ќе се одржи на
Ден:
Време:
Место:
Дополнителни информации:
Оригиналните документи на кои треба да се изработи понудата како и спецификацијата со почетните цени може да се подигне во канцелариите на ДООЕЛ Маркови Кули на ул. Јоска Јорданоски бб Прилеп, или да се симне на долните линкови. Истата пополнета да се испрати на адреса Јоска Јорданоски бб Прилеп п.ф. 123 или да се донесе директно во канцелариите на ДООЕЛ Маркови Кули