|

Активности на членовите на Т.К. „Маркови Кули„ - Прилеп во месец Април 2008
Гостување на клубот во Грција (двомеч) со клубовите од Науса и Птолемаида.
Натпреварите ќе бидат во сите категории.

Учество на регионални турнири во категориите до 12, 14 и 16 годишна возраст во Охрид и Неготино

- Елена Тимова, Антонио Ацески и Сара Стојаноска ќе се натпреваруваат на отворени првенства на Македонија до 14 и 16 годишна возраст.
- Александар Јорданоски ќе настапи на два турнири од календарот на Tennis Europe до 16 години во Р.Србија (Нови Сад и Панчево).
- Мартин Илиески ќе настапи на два турнири од календарот на ITF (светска тениска федерација) до 18 години во Р.Бугарија (Пловдив и Хасково).
- Илија Мартиноски ќе настапи во DAVIS CUP репрезентацијата на Македонија против репрезентацијата на Холандија.

Гости од Бугарија
Во деновите 17, 18 и 19 Октомври на терените на тенискиот клуб се одржаа пријателски натпревари со гостите од Тенискиот Клуб „Пирин“ - Благоевград. Се изиграа преку 30- тина мечови во единечни и двојки. Се играше на 4 терени преку целиот ден. Едноставно целта беше дружење и забава.


По желба на гостите се направија неколку прошетки до градот Крушево и организирано беше шетање низ центарот на градот Прилеп и посетата на Марковите Кули. Беа посетени повеќе културни знаменитости и споменици, како што се спомениците на Александар Македонски и Итар Пејо.

На крајот со желба за следно видување беа испратени гостите со една заедничка слика.

|